* = Задолжителни полиња.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА
1. Продолжената гаранција се однесува исклучиво за моделите на вградени машини за миење садови Beko, вградени рерни, рингли и вградени фрижидери.
2. Продолжената гаранција важи исклучиво за купување на модели на Беко уреди од точка 1, купени во периодот од 01.04.2022. година. до 31.05.2022.
година. Производите мора да се регистрираат преку овој формулар најдоцна до 30.06.2022. година.
Во спротивно, продолжената гаранција нема да важи и купувачот ги остварува правата во однос на сообразноста на стоката во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.
3. Оваа продолжена гаранција важи само за производи купени на територијата на Република Северна Македонија.
4. Изјавата за гаранција за продолжената гаранција ќе се смета за неважечка доколку се утврди дека е нецелосна, доколку е изменета и/или содржи неточни информации внесени при регистрацијата на производот.
5. При поднесување на барање за поправка во гаранцијата според продолжената гаранција, до овластениот сервис на Беко мора да се достави следново:
- оригинална гарантна картичка
- оригинал или копија од сметка
- потврда за регистрација добиена преку е-маил адреса со правилно внесени податоци
6. Нашата одлука за сите прашања кои се однесуваат на поплаки во врска со дефекти во изработката или употребените материјали за време на продолжената гаранција ќе биде конечна и обврзувачка и клиентот се согласува да се придржува до тие одлуки. Сите неисправни делови што се заменуваат за време на продолжениот гарантен период стануваат сопственост на производителот и/или увозникот.
7. Условите на продолжената гаранција напишани во оваа изјава се во согласност со условите за гаранција на Beko за продолжената гаранција опишана во гарантниот лист. Неопходно е да се прочита сертификатот за гаранција пред секоја постапка.
8. Оваа продолжена гаранција се издава во согласност со законите на Република Северна Македонија и е во согласност со позитивната деловна практика на брендот Beko.
9. За време на продолжениот гарантен период, клиентот има право да го замени производот само доколку апаратот не може да се поправи.
10. Во периодот на продолжена гаранција рокот на траење на поправката не е дефиниран со закон и може да биде подолг од законски предвидениот рок.
11. Условите од оваа гаранција нема да се применуваат во следниве случаи:
- дефект или штета предизвикана од виша сила, пожар, граѓански немири и/или несреќи
- дефекти предизвикани од употреба на неправилен напон во мрежата и/или последователни оштетувања поради невнимание и/или злоупотреба
- употреба што не е во согласност со упатството за употреба
- поправки извршени од неовластени лица и/или неправилна инсталација што не ги задоволува барањата од упатството за употреба
- производи кои се користат во комерцијални или нестанбени простории.
- производи кои не користат оригинални резервни делови на Beko