* = Задолжителни полиња.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА
1. Продолжената гаранција се однесува исклучиво на модели на вградени машини за миење садови
Беко, вградени рерни, рингли и вградени фрижидери.
2. Продолжената гаранција важи само за купување на Беко апарати од точка 1, купени во
периодот од 17.03.2025. година. до 17.05.2025. година. Производите мора да се регистрираат
преку овој формулар најдоцна до 17.06.2025 година. Во спротивно, продолжената гаранција
нема да важи и купувачот ги остварува правата во однос на сообразноста на стоката согласно
Законот за заштита на потрошувачите.
3. Оваа продолжена гаранција важи само за производи купени на територијата на Република
Северна Македонија.
4. Изјавата за гаранција за продолжената гаранција ќе се смета за неважечка ако се утврди
дека е нецелосна, ако е изменета и/или ако содржи неточни податоци внесени при регистрација
на производот.
5. При поднесување барање за гарантна поправка според продолжената
гаранција, до овластениот сервис на Беко мора да се достави следново:
- оригинална гарантен лист
- оригинал или копија од фактурата
- PDF сертификат што го добивте преку е-пошта со правилно внесени податоци
6. Нашата одлука за сите прашања кои се однесуваат на поплаки во врска со дефекти во
изработката или употребените материјали за време на продолжената гаранција ќе биде конечна и
обврзувачка и клиентот се согласува да биде обврзан со таквите одлуки. Сите неисправни
делови што се заменуваат во рамките на продолжениот гарантен рок стануваат сопственост на
производителот и/или увозникот.
7. Условите за продолжена гаранција напишани во оваа изјава се во согласност со условите за
продолжена гаранција на Беко опишани во гарантниот лист. Пред секоја постапка потребно е да
се прочита гарантниот лист.
8. Оваа продолжена гаранција се издава во согласност со законите на Република Северна
Македонија и е во согласност со позитивната деловна практика на брендот Беко.
9. За време на продолжениот гарантен период, клиентот има право да го замени производот само
доколку уредот не може да се поправи.